Првоосомничениот за убистата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, упорно продолжи со тврдењето дека во Турција отишол да се лечи, а денеска додаде и дека сакал да открие „важни информации за македонската историја“.Од воениот архив на Истанбул требаше да земам доказ дека во Баница на 4 мај 1903 година немало ниеден турски аскет и дека дека Гоце Делчев не е убиен од турска војска, туку од Врховистите, тврди Палевски, пренесе Република.
Претходно Палчо изнесе повеќе теории на заговор:
Љупчо Палевски, обвинет за организирање на киднапирањата и на убиствата на 14-годишната Вања Ѓорчевска од Скопје и на 74-годишниот Панче Жежовски од Велес на прашање на неговиот адвокат околу грабнувањето и убиствата изјави:
„Ни монструм ни убиец не сум. А, мотивите за таквите квалификации се зашто шефот на Скопското јавно обвинителство и Оливер Спасовски се директно одговорни за перењето пари, а Спасовски дал дозвола ирански државјанин, шверцер на дронови да отвори нерезидентни сметка во НАТО-банки во Македонија. Спасовски изврши морален атентат врз еден човек, врз мене”, рече Палевски кој упати навреди кон медиумите.
„Медиумите се платени и корумпирани од банкарскиот сектор и без поддршка од овој сектор, нема да постојат. Над година дена врескаат дека има докази, а до прес-конференцијата на 5 декември 2023 година кога бев претставен како убиец и монструм, имало само едно вештачење на доказите”, кажа Палевски, пренесе СДК
Палевски ги нарече присутните на новинари „багра”. Рече дека новинарите истуриле огромна количина лаги против него.
Додаде дека Кривичниот суд го киднапирал.
„Не сум ги убил, ниту ги киднапирал Вања и Панче, зашто не сум имал ни мотив. Обвинителството ми одзеде хард диск со 200.000 разговори, гнасотилаци на политичката елита, па не морало да убивам. Сум можел да уценувам со тие разговори, ако сум сакал да добијам пари”, се бранеше Палевски…