Пак одложено судењето за пожарот во „модуларната“ болница во Тетово

Отсуство на судијата Јордан Велковски, го одложи судското рочиште за пожарот во тетовската модуларна болница

Ова е четврто одложување, а Судот го закажа следниот почеток на судењето за 18 март 2025 година.

Претходно, повтореното судење беше одложено неколку пати, последен пат на 25 септември 2024 година.

Апелацискиот суд наложи повторно судење за поранешните директори на болницата, додека докторот Бобан Вучевски беше ослободен.

Пожарот во 2021 година, во кој загинаа 14 лица, е централниот предмет на судскиот процес.