Пакистанската влада објави почеток на голема воена операција против Индија утрово , објави Би-Би-Си.
„Операцијата“ започна еден час откако пакистанската војска соопшти дека се испукани ракети врз нејзините воздушни бази, вклучувајќи ја и базата Нур Кан во близина на Исламабад, и се закани со одмазда.
Во раните утрински часови во саботата, пакистанската влада објави голема воена операција против Индија, наречена „Ѕид од олово“.
Исламабад вети дека ќе „одговори на агресијата на Делхи“.
Индиските власти го обвинија Пакистан дека користи хиперсонични ракети за напад врз нивните воени бази, додека во исто време од индискиот дел на Кашмир пристигнуваат извештаи за жртви, вклучувајќи го и оној на висок функционер.
Портпаролката на индиската армија, полковник Софија Куреши, на брифинг утрово изјави дека Пакистан со овие ракети ги таргетирал индиските воздухопловни бази.
Обвинението доаѓа еден час откако портпаролот на пакистанската армија, генерал Ахмад Шариф Чаудри, ја обвини Индија за извршување ракетни напади врз три пакистански воздухопловни бази, вклучувајќи ја и Нур Кан, која се наоѓа во Равалпинди, на околу 10 км од пакистанската престолнина Исламабад, и служи како седиште на воената команда на земјата.
Тој вети брз „одговор“ на „агресијата“ во „самоодбрана“, додавајќи дека повеќето индиски ракети биле пресретнати од воздушната одбрана и дека објектите на пакистанските воздухопловни сили не биле погодени.