Велиме и секогаш ќе кажеме недвосмислено „не” на секој кој ќе се осмели да ги оспори нашите граници, нашиот територијален интегритет и нашиот национален суверенитет, порача претседателот на соседна Грција, Прокопис Павлопулос.
Тој испратил јасен сигнал до Турција, ПЈРМ, како што пренесуваат грчки медиуми и до Албанија за време на неговиот говор на вечерата приредена од командантот на Третиот армиски корпус, генерал-полковник Димитриос Бикос, во Офицерскиот клуб во Солун.
Годишнината од историското „Охи“ од 28 октомври 1940 година „ѝ дава можност на нашата нација да испрати јасна порака во секоја насока, особено надвор од нашите граници”, рече претседателот Павлопулос и додаде дека Грција вели „да“ за мирот и демократијата.
Значи, ние и кажуваме на ПЈРМ: Имаме пријателство, но нема да прифатиме фалсификување на историјата, бидејќи Македонија беше, е и ќе остане грчка, не прифаќаме неодговорност што ќе го претвори Балканот повторно во „европско буре барут“ пренесува arouraios.gr
Тој го повтори неговиот добро познат став дека северниот сосед посегнувл по историјата и името што не му припаѓаат.
Павлопулос рече дека европските закон исклучува било каков пограничен спор и смета дека државата, која, дури и индиректно преку манифестации на неодговорност, ги предизвикува границите, го нарушува европското законодавство, со што ја поткопува сопствената европска перспектива.