Екс новинарот и генерален секретар на владата на Заев Мухамед Зекири објавува видео од имамот Марем Исмали од Иса Беговата џамија во Скопје кој ги критикува Скопјаните кои номинално се муслимански верници но носат оружје, пукаат и убиваат.
Говорот на скопскиот оџа е снимен по петочната молитва (Џума) по убиството на Хебиб Буњаку и ранувањето на уште две лица во инцидент во кој биле испукани дури 600 куршуми.
,,По прераната и насилна смрт на нашиот пријател и брат Хебиб, кој имаше едвај 35 години, оџата Марем Исмали од џамијата Иса Бег во своето обраќање по петочната молитва ги постави прашањата со кои мора да се соочиме ние како потесна заедница, но и целото пошироко општество – за да се престане со насилство и дивеење, со пукање и газење луѓе; за да се вратиме на темелните човечки вредности и секој еден човечки живот да биде свет за секој од нас”, пишува Зекири објавувајќи го видеото кое можете да го видите во линкот
https://www.facebook.com/share/v/1EDdsgw6Qp/?mibextid=oFDknk