Македонската пејачка на забавна музика Маја Оџаклиевска, која долги години живее и работи во Белград, се огласи по тврдењето на српската колешка Маја Николиќ дека пред 50 години во неа бил лудо заљубен Бора Ѓорѓевиќ, легендарниот фронтмен на групата „Рибља чорба“ кој почина пред пет дена по краткотрајно боледување во Љубљана.

„Мајо, прости ми што ќе ја кажам оваа тајна долга повеќе од 50 години. Маја Оџаклиевска била неговата голема љубов кога биле баш млади. Тој онака висок, згоден, а таа со нејзините 1,55 биле парекселанс двојка. Сè пукало од емоции и љубов меѓу нив двајца. Песната ‘Неке су жене пратиле војнике’ ѝ ја посветил нејзе“, рече Николиќ во една емисија.

Но, Оџаклиевска вели дека тоа нема врска со вистината.

„Да бев јас голема љубов на Бора Ѓорѓевиќ вие би го знаеле тоа досега. Немојте да се фаќате за изјавите на Маја Николиќ. Тоа е мојот коментар“, реагира таа.

Најчитани статии 12 точки од кои зависи иднината на татковината
Неодговорен овчар ставил во тешка опасност десетици македонски граѓани (ВИДЕО)