Тригодишниот договор на играчот кој што е роден во Охрид, со екипата на Кливленд Кавалирс, чини 8,3 милиони долари.
Чеди Осман кој досега играше за турскиот тим Анадолу Ефес кариерата ја продолжува во Кливленд откако правата за него со вицешампионот на НБА лигата ги размени со тимот на Минесота Тимбервулфс.
Турскиот тим за него ќе добие 700 илјади долари. Осман кој има 22 години беше прв пик од втората рунда на НБА драфтот пред две години, а игра за турската национална репрезентација.
НБА аналитичарите не очекуваат Осман да заигра веднаш за првиот тим на Кавалирс но очекуваат дека по неколку сезони учење од Леброн Џејмс и колегите ќе може да се носи рамноправно со најдобрите кошаркари во САД.