Небото над Лондон вчера доби чуден, невообичаено жолт тон кога ураганот Офелија донесе прашина од Сахара и жежок пепел од југот на Европа.

„Кога минуваше над Азорските Острови, бурата Офелија ја зеде сахарската прашина од Северна Африка, а потоа и ситните честички од шумски пожари во Шпанија и Португалија“, рече портпаролката на Британскиот метеоролошки институт за Ројтерс во објаснувањето зошто небото над Лондон пожолте.



Ураганот Офелија помина како тропска бура во понеделникот во Ирска каде предизвика голема штета и остави три жртви, по што дојде во Лондон кога небото доби невообичаена боја што беше изненадувачки за жителите кои сликаа и ставаа фотографии од овој феномен на социјалните мрежи.