Специјалните единици „Кобра“, кои го обезбедуваат претседателот на Србија, Александар Вучиќ, го подигнале нивото на заштита на највисоко можно по вчерашната експлозија на гума (или отпаѓање на цело тркало) од службеното возило со кое патувал.
Тркало отпаднало од возилото во кое се наоѓал српскиот претседател Александар Вучиќ вчера, јави агенцијата Танјуг.
По инцидентот, претседателот на Србија излегол од тоа возило и се префрлил во друго возило и ја продолжил планираната обиколка на Централниот банатски округ.
Вучиќ на средбата во Кикинда рече дека му пукнала гума на пат кон Мокрин.
„Дали пукна гумата, … бог знае уште што, тоа треба да утврди и ќе го се утврд тоа. Пристигнав во Мокрин и се сменив во друг автомобил.
Станува збор за блиндиран автомобил специјално дизајниран за превоз на државни службеници.
Засега не е јасно како се случил инцидентот. МВР на Србија соопшти дека истрагата е во тек.
— AMiros (@miros_an27575) February 8, 2025