Откриено големо количество оружје и пари во Арачиново

Потврдени се сомневањата дека групата Беланоца-Барон криела пари и оружје во двор во куќа во Арачиново каде со багери се копаше повеќе од три дена, пишува Плусинфо.

Во целата акција била вклучена Армијата.

Досега беа запленети милиони евра, накит, автомобили, часовници и други вредни предмети.

Се истражуваат сторени убиства, нарачки за убиства, растурање на дрога.

според полициските информации за групата Беланоца-Барон, почнале од 2021 година, кога настанало спојувањето на криминалните банди.

Плусинфо од свои извори, неофицијално дознава дека вакви заплени ќе има и во следните два дена.