Осум ,,Ноќни дами” од кои 6 Русинки, една Србинка и една Казахстанка се уапсени во Охрид, откако тие во Македонија дошле како туристки а во меѓувреме работеле нешто друго.
Портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски информира дека утрово по полноќ во полициска ,,рација” се приведени 8 лица кои се соочуваат со соодветни пријави.
,,Денеска (01.06.) година во 01.00 часот, полициски службеници од Одделението за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија при Регионалниот центар за гранични работи Запад во содејство со полициски службеници од СВР Охрид извршиле акциска контрола во кабаре во Охрид.
При контролата поради злоупотреба на туристичкиот престој, односно престојување во земјава, спротивно на целта, биле приведени вкупно осум странски државјанки на возраст од 23 до 43 години, од кои една државјанка од Република Србија, една од Казахстан и шест државјанки од Русија.
Тие се задржани во полициска станица за понатамошна постапка и по целосно документирање на случајот против истите ќе бидат поднесени соодветни пријави”, стои во информацијата од СВР Охрид.