Осум загинаа во пожар во дом за стари лица во Србија

Најмалку осум лица загинаа, а неколку се повредени во страотен пожар во дом за стари лица во Велики Борк, во општина Бараево, Србија.

Евакуирани биле 13 лица, јави Б92.

„Во пожарот за жал загинаа осум лица. Морам да кажам дека припадниците на Одделението за вонредни состојби навистина многу брзо реагираа и спасија, односно практично евакуираа 13 лица. Најпрво сакам да изразам најдлабоко сочувство на семејствата на жртвите“, рече тој. Немања Старовиќ, министер за труд, вработување, ветерани и социјални работи.

Пожарот избувна рано утринава околу 03:30 часот, а од час во час пристигнуваа информации за зголемен број загинати.

Инаку, капацитетот на домот за стари лица е 40 корисници.