Раперот кој подолго не е во фокусот на јавноста со некој хит, во документарец кој ќе биде прикажан во август оди во детали и раскажува за несреќниот датум 8. февруари во 2009. година по која неговата тогашна девојка Ријана остана со голем број повреди, подливи, раскрвавена и со модринки. Крис Рок вели дека се започнала пејачката.
“Подготвувавме забава и Ријана беше љубоморна на една девојка, моја соработничка со која искрено имав нешто претходно. Го зеде мојот телефон и најде порака од девојката која најавува дека ќе дојде на забавата. Побесна и започна да ме удира, а јас инстинктивно реагирав и вратив. Ја оттурнав, ја удрив, гризнав”, пренесуваат американските медиуми делови од документарецот.
Крис Браун признава дека тоа не бил прв инцидент со примена на физичка сила во турбулентната врска, но затоа бил последен зошто Ријана беше хоспитализирана, а Браун се најде во суд каде заработи условна казна. Брзо потоа Крис и Ријана раскинаа.