Кој ќе ги брани осомничените и обвинетите од СЈО по 31 јуни кога истекува договорот на адвокатскиот тим на Никола Додовски кој е бранител на најголем дел од нив, е прашањето кое што го поставува агенцијата макфакс.мк во врска со правната заштита на десетици луѓе кои ги гони Катица Јанева и нејзиниот тим?
Дел од нив си нашле замена, но најголем дел сеуште не знаат кој ќе ги брани од први јули. Според Макфакс нов адвокат на Сашо Мијалков, екс-директорот на УБК, ќе биде адвокатот Љупчо Шврговски, кој на јавноста ѝ е познат како поранешен јавен обвинител.