Богатството на извршниот директор на платформата Мета, Марк Цукерберг за прв пат ја надмина границата од 200 милијарди долари, објави Блумберг.

Богатството на Цукерберг, основач насоцијалната мрежа Фејсбук,  порасна речиси шест пати за помалку од две години на 201 милијарда долари.

Тој сега е на четвртото место на листата на 500 најбогати луѓе во светот по Илон Маск, Џеф Безос и Бернард Арно.

Од 1 јануари оваа година, богатството на Цукерберг се зголеми за 73,4 милијарди долари благодарение на неговиот удел од 13 отсто во Мета.