Нема влада без двојно мнозинство, односно 61 пратеничко место плус Бадентеровото мнозинство, изјави денеска Бујар Османи од „Европскиот фронт“, напоменувајќи дека тоа се услови според Охридскиот договор, без кои не може да се формира влада, пренесе Telegrafi

„Ова прашање е толку навредливо, не само за мене, за луѓето што стојат зад мене, за Албанците. Како уште мислите дека Албанците можат да бидат народ кој може да има покана или да нема покана?

Граѓаните одлучуваат кој ќе формира Влада, за ова има две мнозинства со Охридскиот договор.

Прво се бара 61, второ потребно е мнозинство од Бадентер. Тие што ги комплетираат двете мнозинства, тие формираат влада“, потенцира Османи.