„Обединетите нации во Македонија го испратија Нимиц, советник на фирма која што е инвеститор во грчката банка SAXO. Не се очекува напредок“, се вели во насловот на текстот објавен од страна на „Инер Сити Прес“, медиум на организацијата од јавен интерес со исто име. Оваа организација од Њујорк според нејзиниот веб сајт се занимава со истраги и новинарство во врска со човекови права, транспарентност, корпоративна одговорност и други поврзани теми.
Нивниот медиум кој што е акредитиран во Обединетите Нации во Њујорк тврди дека генералниот секретар на ОН португалецот Антонио Гутиeреш најавил дека Нимиц оди во Скопје и покрај тоа што тој има конфликт на интереси во спорот за името, односно дека тој има бизнис релации со грчка банка.
Според „Инер Сити Прес“, Нимиц има статус на директор – советник во компанијата „Џенерал Атлантик“ која што има удел во данската банка „Saxo“ која пак е сопственик на грчка фирма во онлајн банкарскиот бизнис.
Дали е тоа конфликт на интереси? Каква е врската меѓу изјавата на Нимиц дадена по средбите со премиерот Заев и министерот Димитров според која медијаторот „Не очекува никаков драматичен напредок во следните месеци“ со бизнис позицијата на медијаторот на ОН, прашува „Инер Сити Прес“.
Во врска со ова прашање медиумот разговарал и со портпаролот на Гутиереш, Стефани Дујариц која што за „Инер Сити Прес“ изјавила дека мисли дека медијаторот ги пријавил своите бизнис релации со неговата фирма, данската компанија и грчката банка.
„Инер Сити Прес“ го објавува и транскриптот од разговорот со Дујариц.
Транскрипт од ОН
„Инер Сити Прес“
„Вие рековте господинот Нимиц а знаеме дека тој е долго на оваа позиција, заминува во Скопје по што можеби ќе оди во Грција. Тој е сеуште директор советник на Џенерал Атлантик каде што работел во минатото и со тоа има финансиски обврски. Тие всушност имаат удел во банка која што е во Грција. И јас сакав да знам од надворешен агол. Се чини дека ова може да биде проблематично, мислам дали тој ова го открил пред Канцеларијата за етика во ОН“
Портпарол на ОН:
Мислам дека се е пријавено.
„Инер Сити Прес“ е организација основана во 1978 година од страна на Метју Ли а позната е по своите истраги во банкарската индустрија, пишува на нивниот веб сајт.
Според договорот за вршењето на функцијата медијатор во спорот за името, Нимиц од ОН добива по еден долар годишно.