Унгарскиот премиер Виктор Орбан откри дека го прекршил ветувањето дека ќе пие шампањско доколку Доналд Трамп победи на претседателските избори во САД.
Наместо тоа пиел вотка.
„Го исполнив моето ветување само делумно. Кога победи Доналд Трамп, бев во Киргистан, каде што има друга традиција – да се отвора вотка“, рече тој на прес-конференцијата по самитот на Европската политичка заедница во Будимпешта, пренесоа медиуми.
Орбан вети дека ќе ја прослави изборната победа на Трамп со шампањско на почетокот на октомври.
„Ќе отвориме неколку шишиња шампањско ако Трамп се врати“, рече тој тогаш.