Унгарскиот премиер Виктор Орбан пристигна денеска во Пекинг на разговори со кинескиот претседател Си Џинпинг, јавува Ројтерс.

Ова е трето изненадувачко патување на Орбан во странство откако Унгарија го презеде ротирачкото претседателство со Европската унија на почетокот на јули, и откако минатата недела тој отпатува во Украина и Русија.

Неговото патување во Москва наиде на силен укор од неговите сојузници.

Унгариј стана важен трговски и инвестициски партнер за Кина, за разлика од некои други земји од Европската унија кои се обидуваат да станат помалку зависни од втората по големина економија во светот.

Посетата на Орбан, доаѓа неколку дена пред самитот на НАТО на кој ќе се разговара за дополнителна воена помош за Украина против, како што западната одбранбена алијанса ја нарече руската „неиспровоцирана војна за агресија“.

Орбан, критичар на западната воена помош за Украина, кој ужива во најтопли односи од кој било водач на ЕУ со рускиот претседател Владимир Путин, минатата недела рече дека признава дека нема мандат на ЕУ за патувањето во Москва, но дека мирот не може да се склучи “ од удобна фотелја во Брисел“.