Орбан: ЕУ е виновна за забавениот процес на евроинтеграција на Македонја

„Унгарија никогаш нема да прифати диктат од ЕУ, а за тоа ќе плаќаме казни. Но, ние остануваме доследни во поддршката на Македонија за нејзино членство во ЕУ.

Процесот на интеграција е срамно забавен, но Македонија не е виновна за ова – тоа се членките на ЕУ – изјави днеска унгарскиот премиер, Виктор Орбан на денешната заедничка прес-конференција со македонскиот премиер Христијан Мицкоски кој ја предводи владината делегација во Будимпешта.

„Затоа ние го поддржуваме залченувањето на Македонија. Еврппската унија мора да ја подобри конкурентноста и не гледам друго решение за подобрување на конкурентноста од проширувањето. Досега секое проширување на Европската унија донесе само добро“, додаде унгарскиот премиер.

За економската соработка, Орбан истакна дека трговската размена меѓу Македонија и Унгарија е седум пати зголемена.

„ Македонија, Унгарија и Србија припаѓаат на една економска регија, што создава огромен потенцијал за регионална соработка. Но, проблем е што Македонија и Србија се надвор од ЕУ, па не можеме да создадеме единствен економски простор“, објасни Орбан.

Во соработка со Македонија, се работи и на потпишување на нова меѓувладина економска спогодба, која ќе ја зајакне финансиската соработка меѓу двете земји.