Орбан го кани Нетанјаху во Унгарија, но не да го апси

 

„Безобразно дрска“ и „цинична“ била одлуката на Меународниот кривичен суд да издаде потерница по израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху за „злосторства против човештвото и воени злосторства“ извршени за време на војната во Газа, оцени унгарскиот премиер Виктор Орбан.

Ден по одлуката на МКС Орбан најави дека ќе го покани израелскиот колега да ја посети Унгарија, отворено пркосејќи на Меѓународниот суд.

„Подоцна денеска ќе го поканам израелскиот премиер г-дин Нетанјаху да ја посети Унгарија, каде што ќе му гарантирам, доколку дојде, дека пресудата на МКС нема да има ефект во Унгарија и дека нема да ги следиме нивните услови“, додаде тој.

„Овде нема избор, мораме да и пркосиме на оваа одлука“, рече Орбан.

Оодлуките на МКС „се обврзувачки за сите земји-членки на Римскиот статут, кој ги вклучува сите земји-членки на ЕУ“.