Општина Гостивар ѝ понуди помош на Арсовска за изработка на проекти

И честитаме на градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, која што, освен креирање на врева, за ништо друго не ја бива. Таа за скоро четири години власт во Скопје, освен за коалицијата со Блерим Беџети, за друго нешто не е позната во јавноста. Наместо реализација на конкретни проекти и унапредување на животот на граѓаните на Скопје, нејзиното мандатско наследство останува празно и беззначајно, соопштија од Општина Гостивар. По споредбата, во која градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска ја апострофираше општината Гостивар, во реакција на Град Скопје до Владата за одбиените проекти што ги предложиле за финансирање од буџетот, реагираат од локалната самоуправа на Гостивар.

  • Ѝ честитаме на градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, којашто, освен креирање на врева, за ништо друго не ја бива. Таа за скоро четири години власт во Скопје, освен по коалицијата со Блерим Беџети, за друго нешто не е позната во јавноста. Наместо реализација на конкретни проекти и унапредување на животот на граѓаните на Скопје, нејзиното мандатско наследство останува празно и беззначајно. Скопје, како главен град, заслужува модерни решенија, но за жал, во рацете на Арсовска, секој проект се претвора во мистерија. Зошто не се реализира проектот „Скопје – БУС РАПИД“, за кој секој ден доцнење носи финансиски загуби за скопјани? Дали граѓаните на Скопје ќе добијат конечен одговор за пречистителната станица, која беше најавувана како стратешки приоритет, а остана само на хартија? реагира Општина Гостивар.

Претпоставуваме дека нервозата на Арсовска се должи на нејзината неспособност да аплицира за средства дестинирани за општините. Тоа не е ништо ново – додека другите општини успешно ги завршуваа своите проекти, Арсовска е заглавена во административни пропусти. Затоа, како тим од општина Гостивар, нудиме помош во изработка на проекти, и тоа на волонтерска база – за доброто на граѓаните на Скопје. Не е срамота да се побара помош кога не можете сами да го направите тоа што сте ветиле. Воедно, нудиме и помош во математиката, бидејќи градоначалничката очигледно има проблем со разбирање на бројките. Според неа, долгот на општина Гостивар изнесува астрономски 108 милиони евра, но вистинската бројка е далеку поскромна – 9.1 милион евра. Ваквите неосновани обвинувања само ја отсликуваат нејзината несериозност и неспособност да се справи со фактите. Арсовска мора да престане да ги мами граѓаните и конечно да преземе одговорност за својот неуспех. Скопје заслужува подобро, а ние сме тука да ѝ помогнеме, дури и ако тоа значи да ѝ го покажеме патот во земјата на чудата каде што очигледно се наоѓа“, се наведува во реакцијата на Општина Гостивар.

Ова следи откако Град Скопје дека парите од унгарскиот кредит ќе се делат по политичка линија.

  • Одлуката на Владата на Македонија да не додели средства за проектите за кои аплицираше Градот Скопје уште еднаш ја потврдува секташката ментална состојба на Владата предводена од Христијан Мицкоски. Со оваа одлука докажа дека неговата суета е поважна од која било потреба на граѓаните, а со неистомислениците се пресметува со сегрегација и политички прогон, докажувајќи дека нема никаков демократски ни лидерски капацитет, се вели во реакцијата на Град Скопје по одлуката на Владата проектите на градот да не бодат дел од листата проекти финансирани од унгарскиот кредит. 

Колку за споредба, најзадолжената општина во Македонија, општина Гостивар добива 2,7 милиони евра за проекти иако должи преку 108 милиони евра потрошени од буџетот, додека Градот Скопје не добива ниту еден проект иако аплицираше со 20 проекти со целосно обезбедена проектна документација, за разлика од дел од општините, на кои Мицкоски им додели средства и покрај тоа што немаат проекти.