Нивото на водата на Охридското Езеро продолжува да се намалува и е под просекот за овој период од годината, приближувајќи се до минималната дозволена квота.
Според последните мерења на Управата за хидрометеоролошки работи (ДПХМ), водата во езерото е 16 сантиметри под просекот за месец ноември
Нивото на езерото денес е 3 сантиметри над природниот минимум (693.10 м.н.в) и четири сантиметри под минималната кота утврдена со Билатералниот договор со Албанија (693.17 м.н.в). Охрид.њуз