Од 11 до 12 часот сите приватни матични доктори ќе штрајкуваат зaради новите измени во „Мој термин“.
Матичните велат дека без најава добиле наредба да верификуваат мобилни телефони на пациентите пред да им биде овозможено да ги прегледаат.
Системот „Мој термин“ според докторката, утринава не дозволувал да се изврши прегледот на пациентите, дел од кои повраќале, имале грип и други болести – сè додека не се изврши автентикација на мобилниот телефонски број на пациентот.