Сите возачки дозволи издадени со старото име на државата ќе престанат да важат, а за незаменети со новото име ќе има казни.

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, апелира до граѓаните да ги заменат своите возачки дозволи навреме, со цел да избегнат непријатности и казни.

Според Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, возачите кои ќе бидат затекнати со стара возачка дозвола ќе бидат санкционирани со парична казна од 100 евра.

Според Тошковски, во моментов нема големи гужви во општините и дека процесот на замена на возачките дозволи тече без проблеми.

Сепак, апелира до граѓаните да не го оставаат овој обврска за последен момент.

„Се надевам дека нема да дојдеме до таква ситуација, повторно ќе упатам апел да си ги променат возачките за да ги запазиме законско утврдените роковите за промена на возачките дозволи со уставното име. Максимално ќе апелираме сите услуги потребни, од аспект на капацитет ги имаме обезбедено, нема гужви, ги имаме обрасците, може да се закаже од ден за ден“ – рече Тошковски во гостувањето на ТВ21.