Се враќаат вкупно четворица пациенти повредени во пожарот во дисекотеката „Пулс’ во Кочани, информираше Министерството за здравство, од кои двајца од Хрватска и по еден од Италија и Шведска.
Во странство се хоспитализирани 60 пациенти.
Во болниците во земјата во моментот се лекуваат 7 пациенти, од кои четворица на Хируршката клиника „Св. Наум Охридски“, двајца пациенти во приватната болница „Систина“ и еден пациент на Клиниката за пулмологија.
Од Министерството за здравство известуваат дека континуирано ја следат состојбата со повредените пациенти со цел обезбедување најдобар можен третман, како и понатамошна рехабилитација.