„Од страв“ потпишал изјава дека Палчо не присуствувал на грабнувањата и убиствата на Вања и Панче

Влатко Кешишов, еден од обвинетите за свирепите убиства на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовки, ја повлече изјавата дека Љупчо Палевски-Палчо не бил присутен за време на грабнувањата и убиствата.

На крајот на денешносто судење рече дека изјавата не била негова и дека ја напишал под принуда на Палевски додека со комбе биле спроведувани заедно во затвор каде што издржуваат притвор.

„Изјавата не е моја”, рече Кешишов.

Како што кажа, Палевски во комбето на затворската полиција му дал ливче со напишана изјава и му кажал да ја препише со свој ракопис и да ја поднесе до судот.

Прашан од судијата зошто го направил тоа, рече: „Од страв“.

На претходното рочиште судијата Ивица Стефановски извести дека обвинетиот Влатко Кешишов поднел писмена изјава доставена од затвор во која вели дека Љупчо Палевски-Палчо на 22 и 27 ноември лани не бил со него, со Велибор Манев и со Боре Видевски, кога биле грабнати и убиени Вања и Панче и дека спиел во штабот на партијата Десна, потсетува “360 степени