Во време на економска неизвесност и инфлациски удари, темата за минималната плата повторно е во фокусот на јавноста. Синдикатите тврдат дека животниот стандард на работниците е драстично намален и бараат покачување на минималната плата на 500 евра. Но, дали ова е доволно, и дали Македонија во блиска иднина може да види минималец од 30.000 денари?
- Факт е дека сме оставени да разговараме со работодавачите за зголемување на минималецот. Работодавачите немаат намера да попуштат. Пари имаат, а не сакаат да даваат. Мора да ги дадат бидејќи квалитетните работници ќе си заминат од државата. Владата може да биде приморана да ја зголеми минималната плата, доколку не се договориме со работодавачите. Нема закажано седница на Социо-економскиот совет засега, велат синдикалците.

Отворен останува е и предлогот за разликата од она што го предлагаат синдикатите до она што го налага законот, односно за 6 илјади денари работодавачите да бидат ослободени од придонеси, односно да бидат субвенционирани 12 месеци. Дали ваквата опција е прифатлива за Владата е отворено. Она што е јасно е дека деталите ќе треба да ги утврдува економско социјалниот совет, но откако ќе се утврди репрезентативноста на синдикаот, која во моментов е истечена.
Претходно, Премиерот Христијан Мицкоски посочи дека Владата ќе ја формира многу скоро комисијата за утврдување на репрезентативноста, а дека висината на минималецот може да биде утврдена во текот на месецов, бидејќи исплатата на мартовската плата е во април.