Тренерот на шесткратниот македонски машки ракометен првак Александар Јовиќ синоќа по дербито во кое неговиот тим е поразен од Вардар (31-24) во меч од СЕХА лигата, не запрашан од никого, отиде во пресрет или одговори на засилените шпекулации, и објави дека Металург останува стабилен и „жив“.
„Ќе ја искористам оваа можност за да испратам порака до сите оние кои сакаат да го видат Металург на колена, да ни се случи „клуч на брава“, дека тоа нема да се случи. Имаме стабилен спонзор, убедени сме дека ќе се изнајде решение за оваа ситуација за Металург да продолжи да произведува талентирани млади ракометари како и до сега“ рече вчера Јовиќ.
Во последниот период низ спортските кулоари во земјава се говореше дека Минчо Јорданов го намалил спонзорството и дека полека, но сигурно се повлекува од успешната ракометна приказна. Како сигурен знак за таков развој на настаните во Автокоманда се толкуваше и неофицијализираното повлекување на Лино Червар од позиција прв тренер во непостојан советник.