Македонската фудбалска репрезентација вечерва одигра нерешено 0-0 со Турција во пријателска средба во Скопје. Сосема добро издание на избраните од селекторот Игор Ангеловски со тоа што тие ги имаа и подобрите шанси, а и во два наврата (Мојсов19. минута и Алиовски 52. минута) ни беа поништувани голови поради офсајди. Се на се коректна игра, и уште попристоен резултат со оглед на тоа дека гостинот е 111. места подобар на ФИФА листата.
По дуелот со Турција на Телеком арената што заврши со 0-0 нашата А фудбалска репрезентација во Скопје ги продолжува подготовките за шестиот квалификациски натпревар за СП 2018. година против Шпанија на 11 јуни.