Никола Ѓорѓиев ја водеше Македонија до три триумфа на првиот турнир од првата група во Европската лига одржан во Скопје минатиот викенд, и веднаш се создадени услови за нов настап на Фајнал форот во Данска, но и ако конечно победиме во натпреварувањето ќе бидеме далеку од Светската лига.
Од петок се игра вториот турнир од квалификациите во Тирана, но според тоа со каков квалитет располагаат противниците, а тие се исти, Азербејџан, Албанија и Шведска, ние се подготвуваме за настап на завршницата на 1 и 2 јули, на која по два пораза во финалето очекуваме конечно да славиме и да добиеме шанса да заиграме со најдобрите.
Но, во меѓувреме Светската лига ќе доживее промени што нам ќе ни го ограничи евентуалнтото учество само на втората лига.


Имено, Светската одбојкарска лига го менува системот за следната сезона со тоа што формира Прва лига со 16 тимови од кои 12 се постојани. Бразил, САД, Србија, Полска, Италија, Кина, Франција, Германија, Иран, Русија, Аргентина и Јапонија ќе бидат во костурот, а другите 4 селекции ќе се менуваат. Новитет е и тоа што наместо досегашните три ќе се играат пет турнири кои ќе бидат квалификациски за завршниот на кој одново шесте најдобри ќе се борат за наградата од едем милион долари.