Фудбалскиот клуб Вардар ја извести јавноста дека од 9 април има функционална сметка првпат по осум години.
„Се информира јавноста дека сметката на АД ФК Вардар од 9 април 2025 година е одблокирана, со што клубот по цели осум години повторно функционира по сите законски норми и прописи“, се вели во соопштението.
Во него се информира за целосната исплата на долговите и кон: Дарко Панчев – 4.134.855 денари, Владица Брдароски – 8.759.744, Бенџамин Демир – 6.100.000, Михајло Костиќ – 8.834.415, Александар Игески – 935.353, „Фитнес Инфинити“ – 2.014.562 и ЕАМ ДОО Штип – 263.006.
Најтрофејниот македонски фудбалски клуб утревечер од 20 часот на Националната арена „Тодор Проески“ ќе го пречека некогашниот европски шампион Црвена звезда во хуманитарен натпревар, од кој целокупниот приход е наменет за семејствата на настраданите во дискотеката во Кочани.