За жешкиот период: Овошна торта

Кремаста, вкусна, освежителна …

Состојки за бисквитното тесто:
-5 јајца
-70 гр шеќер
-60 гр мелени ореви
-50 гр пченично остро брашно
-2 лажичиња прашок за пециво
-4 белки
-прстофат сол
-1 лажица шеќер

Прелив за бисквитното тесто:
-100 мл млеко
-2 лажици рум

За првиот крем:
-200 гр јагоди
-2 кесички прелив за торта (Долчела)
-80 гр шеќер
-500 мл вода
-неколку капки екстракт од јагода

За вториот крем:
-500 мл слатка павлака за шлаг
-5 кесички ванилин шеќер
-200 гр крем сирење
-200 мл течен овошен јогурт од јагода
-неколку капки екстракт од рум
-1 кесичка желатин
-5 лажици вода

За украсување:
-јагоди
-мали чоколадни јајца

Подготовка:
Прво подгответе го бисквитното тесто. Во еден сад убаво изматете ги јајцата и шеќерот. Потоа додадете ги мелените ореви, брашното и прашокот за пециво.
Во друг сад ставете ги белките, прстофат сол и шеќерот и убаво изматете да добиете густо шне.
Изматените белки додадете ги во смесата со јајца и брашно и полека измешајте со дрвена лажица.
Вака добиената смеса сипете ја во тава претходно обложена со хартија за печење и ставете да се пече во загреана рерна на 170 целзиусови степени околу 25-30 минути. Изладеното бисквитно тесто исечете го на половина по должина така што ќе добиете две кори.

Во чинија за сервирање најодоздола ставете проѕирна пластична фолија и ставете ја првата кора. Измешајте ги млекото и румот и со половина од течноста искапете ја првата кора. Сега распоредете ги јагодите исецкани на листови.

За првиот крем содржината на кесичката за прелив за торти помешајте ја со шеќерот и 6 лажици ладна вода. Преостанатата вода загрејте ја до вриење, тргнете ја од рингла и сипете ја горната смеса. Повторно смесата загрејте ја до вриење, па оставете ја да се излади, а потоа додадете го екстрактот од јагода во неа. Прелијте ја преку јагодите и оставете да се излади 15-30 минути.

За вториот крем, слатката павлака изматете ја во густ шлаг. Во шлагот измешајте го ванилиниот шеќер, крем сирењето, овошниот јогурт и румот. Желатинот помешајте го со вода и оставете го да набабри 10-тина минути. Мешавината загрејте ја за да се растопи, тргнете ја на страна и додадете 1 лажица од првиот крем. Измешајте убаво.

Така подготвениот желатин помешајте го во вториот крем и веднаш нанесете го на колачот. Одозгора ставете ја втората кора и натопете ја со преливот од млеко и рум. Тортата оставете ја неколку часа убаво да се излади во фрижидер. На крај тортата прекријте ја со глазура од бела чоколадо, а потоа со глазура од темно чоколадо.