Ученикот кој вчера со огнено оружје уби двајца ученици и двајца професори, а рани уште девет други во средно училиште во американската држава Џорџија е 14-годишен ученик од тоа училиште, соопштија властите.

Тој пукаше со автоматска пушка која наликува на пушка АР-15.

Осомничениот е идентификуван како Колт Греј, 14-годишен ученик во училиштето Апалачи во Виндер.

Тој е во притвор и ќе му се суди како возрасен, изјави Крис Хосеј, директор на Бирото за истраги во Џорџија.

Тој ќе биде обвинет за убиствата на 14-годишниот Мејсон Шермерхорн, 14-годишниот Кристијан Ангуло, Ричард Аспинвол (39) и Кристина Ирими (53). Аспинвол и Ирими предаваа математика, при што Аспинвол служеше и како помошник фудбалски тренер.

Девет други жртви, осум ученици и еден наставник, се пренесени во болниците.

„Она што го гледаме е зло“, рече шерифот Џад Смит за време на кратката прес-конференција на теренот на училиштето.

По пристигнувањето на полицијата момчето веднаш се предало, изјавил Смит. Училиштето кое се наоѓа на околу 80 километри североисточно од Атланта, го посетуваат речиси 1.900 ученици.

Греј минатата година бил испрашуван од полицијата за анонимни онлајн закани, соопшти ФБИ.

Кога беше испрашуван од полицијата во мај 2023 година, момчето негираше дека стои зад објавите на интернет кои содржеа слики од оружје и закани дека ќе пука во училиштето.

Најчитани статии
Човекот кого Бугарија го слави како голем интелектуалец и духовен лидер

За бугарски преродбеник Рилскиот манастир се наоѓа на македонска а не на бугарска територија