Обраната запрела 82 милионски бизнис со израелската војна индустрија

Порталот мкд.мк денеска објавува дека екс министерот за одбрана во минатата влада Зоран Јолевски на 48 часа пред заминувањето од министерската позиција поништил четири договори за набавка на воена опрема и оружје од израeлски добавувачи.

Како што пишува мкд.мк поништените договори се во вредност од 82 милиони евра а со нив требалo да се набават оклопни транспортери, средства за комуникација, хаубици и друга опрема.

Фирмата од која што требало да се набави опремата „Елбит системи“се споменуваше и во една од „бомбите“ на Заев а беше актуелна во јавноста поради паѓањето на хеликоптерот на АРМ. Хеликоптерите на АРМ  беа целосно модернизирани и добија нова опрема во рамки на друг договор меѓу министерството за одбрана и израелскиот воен комплекс.

„Елбит“ е една од технолошки најнапредните фирми за воена технологија на светот, таа работи на стотици милиони вреди договори за американското министерство за одбрана како и за други држави.