Добитник на најголемата обложувачка награда во Македонија во минатиот викенд е неименуван, за сега непознат уплаќач во Прилеп кој за 50 вложени денари успеал да „фати“, 540 илјади денари. Најголемиот стрес му се случувал во неделата навечер кога Андерлехт со гол во 90 минута го победи Стандард, а нему му го донесол последниот 19. фикс со кој дошол во мало богатство.