Обвинителството цела година не носи правда за потенцијалниот убиец на ,,Јордан Мијалков”

Блиски луѓе на полицаецот кој едвај преживеа во инцидентот што се случи пред речиси една година тврдат дека Обвинителството цела година не го поканил да даде исказ за вината за потенцијалниот убиец на улицата ,,Јордан Мијалков”.

Според полицискиот билтен на 25 Февруари 2024 година ,,Во 03.15ч во ЕИК Скопје е пријавено од Т.330 дека на ул.Јордан Мијалков во близина на Угостителскиот локал Љуц при стопирање на возило, а по претходно изготвен план за контрола на возачи под дејство на алкохол од страна на патничко моторно возило Ауди А5(СК-2677-БМ) бил удрен полицискиот службеник Христо Цаповски кој веднаш со возило на итна медицинска помош е пренесен во УЦ каде што му се констатирани тешки телесни повреди (скршеница на коленица, надколеница и скочен зглоб) и истиот ке биде задржан на КАРИЛ за понатамошни испитувања”.

Според билтенот пијаниот возач зад воланот е Н.Р. на возраст од 40 години.

Обвинителството досега не објавило некаква информација за тешкиот инцидент во кој за малку не беше загубен животот на полициски припадник.

Полицаецот Христо Цаповски едвај спасил жива глава откако како полицаец на смена во акција бил удрен од пијан возач. На полицаецот му била скината бутната вена и скршена ногата на дури 5 места.

Преживеал само поради добрата и брза интервенција на лекарите на Карил.

Неофицијално од обвинителството велат дека се работи на случајот а сторителот е човек кој е добро познат на органите на прогонот поради врски со сериозни групи кои се под присмотра на различни државни институции.

Изворите во Јавното обвинителство не кажуваат зошто сторителот и потенцијален убиец на тркала не е в затвор и зашто досега обвинителството не го викнале повредениот полицаец да даде исказ.

Според истите извори истото лице кое за малку не го убило полицаецот Христо учествувал и во други инциденти.