Според најновите информации за ужасната трагедија се случила попладнево во скопско полициските нуркачи од водите на Вардар извадиле три тела од возилото кое попладнево паднало во реката.
Не се знае кои се трите лица од вкупно четири лица кои исчезнаа преходно, родители со синот и снаата.
Во СВР Скопје попладнето во 16 часот е пријавено дека на локалниот пат за село Рашче патничко возило излетало од патот и паднало во река Вардар.
На местото на настанот денеска е Јавен обвинител, како и екипа на единицата Тигри и нуркачи која прави обиди да го извади возилото од реката, заедно со четирите исчезнати лица.
Во меѓувреме, на Клиниката за детска хирургија е донесено дете од фамилијата која настрадала во несреќата, кое според докторите е надвор од животна опасност.
Тоа е спасено од локални минувачи.
Поврзана содржина
А во Тетовско друга трагедија