Ноќеска избувна голем пожар во Карпош 4

Неофицијално, пожарот избувнал во 03 часот по полноќ и зафатил бутик,  два автомобили, како и стан над просторот кој гореше.

Овие информации се непотврдени, објави порталот Скопје.мк.

Според очевидци, пожарот брзо се раширил, иако имало експресна реакција од Противпожарната бригада. Била повикана и Брза помош, но не е познато дали има повредени.

Карпошани ноќеска испратија снимки и јавија дека ги разбудиле сирени, од што биле вознемирени.