Не останаа никакви дилеми за 36. последно, денеска одиграно коло, во Првата македонска фудбалска лига. Во амбиент на ревијална завршница се играше слободно на сите пет стадиони, и од страна на сите десет екипи. Но немаа сите причина за добро расположение.
Нејвесело секако, беше во Ѓорче Петров каде Вардар одигра само 0-0 со Силекс, но разликата во однос на втората Шкендија беше преголема, па во убавото попладне повеќе се прославуваше 11. титула, трета во низа, што е втор пат во историјата на македонскиот фудбал, по генерацијата од 92. Се славеше и повлекувањето на Влатко Гроздановски кој на заминување, рече дека, секогаш ќе биде дел од црвено црните.
Во останатите средби: Шкендија го победи и делумно му се реваншира на Пелистер (3-1) за загубеното Куп финале, Ренова беше многу убедлива кај Победа (0-3), Брегалница на простување од најсилната конкуренција го разнесе Работнички (6-2), а Шкупи кој оди во бараж и испаднатата Македонија ЃП ремизираа (1-1).
Еве ја конечната табела со заклучок дека првакот Вардар, втората Шкендија, третиот Работнички и Куп победникот Пелистер ќе не преставуваат во Европските купови.