Нов судски дебакл на обвинителката која го прогонува Жан Митрев

На денешното рочиште на судењето на кардиохирургот Жан Митрев и неговата клиника се случи неочекувана ситуација откако сведок на обвинителството ги урна обвинението на обвинителката Искра Хаџи Василева.

Како што јавува порталот Локално со изјавата на сведок на обвинителството според која хемофилтрацијата се користела во сите болници во земјава и надвор од неа целосно е разнишано обвинението на Хаџи Василева и нејзините налогодавци.

,,Ние користевме хемофилтрација за лечење на пациенти во време на КОВИД кризата”, изјави доктор Љупчо Стојковски – искусен нефролог и единствен лекар кој во друга приватна болница применувал хемофилтрација, јавува Локално.

Според сведокот хемофилтрацијата е одамна познат метод, што се користи во медицината, кој што од нефрологијата се пренесе на сите водечки одделенија за интензивно лекување во земјата.

“Многу ми е позната методата, и ја користам многу одамна пред ковидот. Оваа метода е дел од нефрологијата, но станува дел од лекувањето на тешко болни пациенти на секоја интензивна нега. КОВИД како пандемија беше страшен и сите ние лекарите талкавме за да најдеме лек за да им помогнеме на пациентите и да ги спасуваме нивните животот”, додаде Стојковски.

Тој објасни дека процедурата е филтрирање на крвта на пациентот, истата е многу скапа и комплицирана и бара постојана и голема ангажираност од страна на искусен медицински персонал. Многу е поскапа од класично лекување. Главен параметар за што порано вклучување на хемофилтрацијата е клиничката слика на пациентот. Се реагира во рана фаза да не се влоши сликата”, објасни докторот. Во приватната болница каде работел ја користел методата на 32 пациенти каде се извршени 48 хемофилтрации. Кај дел од пациентите помогна и истите се спасија, а кај дел за жал не помогна.

Жариштето беше во Италија, од каде потекнува и основоположникот на хемофилтрација Ронко, таму и започна третманот, јас тоа го следев. Имаше и лекови кои наштетија на пациентите, како на пример Ивермектин, а сега се докажа дека се штетни. Хемофилтрацијата се употребуваше да се спаси животот на тешко болните пациенти, а тоа е обврска на сите докторите, изјави Стојковски.

На прашањето дали е запознаен со сите објави на неговата болница, каде што даваа изјави поврзани со хемофилтрацијата, изјави дека ги знае сите објави кои се објавени од страна на другата приватна болница во која што работел и дека се сложува и со изјавата на д-р. Каламарас дека хемофилтрацијата е врвна метода за лечење на КОВИД пациенти.

По ваквата изјава на сведокот на обвинителството, одбраната изјави дека обвинението против Д-р Митрев и Клиниката треба да биде повлечено, објави Локално.