Премиерката на Нов Зеланд, Џесинда Ардерн и министерот за надворешни работи, Винстон Петерс, велат дека ќе ги протераат руските шпиони од земјата, доколку има такви.
Повеќе од 100 руски дипломати за кои се тврди дека се шпиони во западните земји им било речено да се вратат во Москва, како одговор на нападот и обид за убиство со хемиско оружје во обид за убиство на Сергеј Скрипал, поранешен двоен агент на Русија и Велика Британија, и неговата ќерка Јулија, во Солзбери, Англија, на 4 март, пишува лондонски „Гардијан“.
Владата на Нов Зеланд го осуди нападот и ја поддржува меѓународната акција, но вели дека во земјата нема „руски разузнавачки агенти“.
Рускиот амбасадор во Нов Зеланд бил повикан на состанок и му била повторена „сериозната загриженост” во врска со нападот во Солсбери.
„Додека другите земји објавија дека ги протеруваат непријавените руски разузнавачки агенти, официјални лица советуваат дека овде во Нов Зеланд нема поединци кои се вклопуваат во овој профил. Доколку има, ние веќе ќе преземеме акција“, рече Ардерн, како што пренесува лондонскиот весник.
Таа рече дека Нов Зеланд ќе ги разгледа понатамошни активности што може да ги преземе за да ја поддржи меѓународната заедница за нападот.