Новиот градоначалник на Скопје се соочува со прекршочна пријава (фото)

Победникот на локалните избори за градоначаник на Скопје од редовите на СДСМ се соочува со прекршочна пријава за прекршување на Законот за пушење.

На социјалните мрежи деновиве, откако тој веќе победи се појави фотографија на која се гледа дека во трагичните настани во Собранието на 27 април тој пуши цигара.

Олеснителна околност за Шилегов е што тој како и другите негови колеги тогаш се соочувал со огромен стрес поради кој што морал да „запали една“.

Со оглед на тензиите на 27 април за очекување е дека судијата кој што би го водел ваквиот процес доколку воопшто до него дојде, ќе пресуди дека стресот и стравот кај Шилегов е причина тој да се спаси од казна.

Шилегов е еден од пратениците на СДСМ кои се предлагачи на промени во законот за пушење.

Предходно слична фотографија од пушење во јавен објект се појави и за Али Ахмети кој тогаш најави дека ќе ја плати казната од околу 50 евра доколку биде гонет.