Новинар тврди: Бајден сакал да го убие Путин!

Познатиот американски новинар Такер Карлсон вчера изнесе такво тврдење во неговото шоу.

„Поранешниот американски државен секретар Ентони Блинкен толку силно притискаше за вистинска војна, обидувајќи се, на пример, да го убие Путин – што администрацијата на Бајден се обиде.

Тие се обидоа да го убијат Путин. Да, да, го направија тоа. Што е лудо“, рече Карлсон во „Шоуто на Такер Карлсон“, емитувано на Икс, објави Политико

Без да изнесе докази за своето тврдење, Карлсон во шоуто говореше што би било, кога такво нешто би се случило:

„Ако, да речеме, Путин беше убиен… Добро, кој би ја презел тогаш власта во Русија? И што би се случило со сиот нуклеарен арсенал во земјата која е толку сложена што е невозможно странците да ја разберат? Лудо е дури и да се размислува за такво нешто – рече Карлсон.

Им требаше војната за да ги сокријат трагите, додаде тој.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков денеска одговори на тврдењето на Карлсон.

„Руските специјални служби прават сè што можат за да ја осигураат безбедноста на претседателот Владимир Путин“, рече Песков, пренесоа медиуми.