Нова поплава во Шпанија однесе 30 автомобили…

Во Шпанија продолжува елементарната непогода, а нова поплава, вчера однесе повеќе од 30 автомобили.

Засега нема информации за жртви. Катастрофата овој пат се случи во североисточниот регион Жирона.

Во крајбрежниот град Кадакес вчера во раните утрински часови наврнаа 100 литри дожд на метар квадратен.

Минатата недела во регионот на Валенсија загинаа 219 лица.

За исчезнати се’ уште се водат 78 лица.

40 жртви не се идентификувани.