По 8 години непризнавање на Иванов за легитимен претседател од страна на ДУИ и СДСМ денеска нивните министри дојдоа на прием во претседателската вила.
Членовите на новата Влада на Република Македонија околу 10 часот и 15 минути пристигнале во вилата Водно, каде имаат средба со претседателот Ѓорѓе Иванов.
Во претседателската вила присутен е и лидерот на ДУИ, Али Ахмети кој во многу наврати остро го критикуваше денешниот домаќин како непријател на Албанците.
Во вилата Водно присутна е и новата министерка за одбрана, Радмила Шеќеринска, која ќе мора да има блиска соработка со Иванов кој според уставот е врховен командант на армијата.