По објавувањето на анализата на проектот Призма на Балканската истражувачка мрежа (БИРН) во која се зборува за врската меѓу компанија во сопственост на вицепремиерот Кочо Анѓушев и ексфункционер од ВМРО-ДПМНЕ овој медиум добил повици за промена на наслов и вадење на неговото име од текстот.
Реакција дошла од ПР-компанијата што ја застапува фирмата „Феро Инвест“ на вицепремиерот Кочо Анѓушев од каде се бара промена на наслов што Бирн го одбил
Според медиумскиот проект, насловот како и самиот текст се базираат на факти и на документи со што барањата за промена на наслов во отсуство на демант може да се протолкуваат само како обид за цензура и мешање во уредувачка политика, што е неприфатливо.
Следниот чекор на Анѓушев и неговите фирми може да биде тужба за клевета или навреда што ќе мора да биде расчистено на суд.
целата реакција на Бирн по притисокот од фирмата на Анѓушев на следниот линк