Резултатот беше отворен уште во 8 минута кога Елмас асистираше за Костадино кому не му беше тешко да реализира. Во 26. веќе беше 2-0, Костадинов повторно беше на вистинското место, а истиот играч во 72. минута го затвори мечот. Тихомир Костадинов постигна хет-трик за убедлива победа на Македонија од 3-0.
„Мора да кажам дека одигравме навистина одличен натпревар, а момците покажаа дека имаат квалитет и потенцијал да бидат максимално конкурентни и во овој квалификациски циклус. Може само да им честитам на начинот на кој одиграа во Ереван, и да кажам само едно големо БРАВО“ изјави за ЕКИПА веднаш по натпреварот во Ереван, селекторот Благоја Милевски.
Следниот натпревар на Македонија е на 6. октомври кога ја пречекуваме селекцијата на Србија.