Премиерот Заев ноќеска најави дека очекува оставка од Јавниот обвинител Марко Зврлевски кој според него треба брзо треба да добие наследник предложен и избран од парламентот.
Претседателот на СДСМ веднаш по изборот на новата влада го повика Зврлески да го забрза процесот и да ја поднесе својата оставка.
„Една од причините поради која судскиот систем не функционира, е Јавниот обвинител. Се надевам дека можеме да ги почнеме реформите и го повикувам да си поднесе оставка“, истакна новоизбраниот македонски премиер.
Според најавите Зврлевски има рок од 15 дена колку трае процедурата за негово поднесување оставка и прифаќање на истата. Доколку во овој период Зврлевски не замине од својата позиција извесно е дека со гласање во Собранието тој ќе биде заменет.
За негова смена потребно е просто мнозинство од 61 пратеник.