Ни С од Северна во писмото на Камала Харис до Македонците гласачи во Америка

Во писмото упатено до македонската американска заедница, потпретседателката Камала Харис не само што го одбележа придонесот на Македонците во САД, туку и го користеше името „Република Македонија“, избегнувајќи ја придавката „Северна“, пишува Радио Лидер.

Камала Харис во писмото што вчера го објави Expres.mk таа се осврна на значајното осамостојување на Република Македонија од Југославија на 8 септември 1991 година, истакнувајќи го историското наследство на земјата и нејзиниот долгогодишен стремеж кон слобода. Харис исто така посочува дека македонските имигранти барале засолниште во САД, поттикнати од клучни историски настани како Илинденското востание, јасно ставајќи до знаење дека тоа е историски настан во кој учествувале Македонци, пишува Лидер.